Неговата состојба во овој момент е комплицирана, но подетални информации до овој момент нема.

Објавил: Владо Марин | 23 септември, 2020 7:23

Љубе Бошкоски префрлен на инфeктивнa клиника поради влoшeнa здpaвcтвeнa состојба

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски вчера попладне бил примен на инфективна клиника откако неговата состојба поради коронавирусот се влошила, пренесе инфомакс!

Неговата состојба во овој момент е комплицирана, но подетални информации до овој момент нема.

Бошкоски беше дијагностициран со ковид-19 минатата недела.

По парламентарните избори во 1998 година и победата на ВМРО-ДПМНЕ, Бошкоски бил именуван за заменик на директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање(ДБК) во Министерството за внатрешни работина Република Македонија. На 31 јануари 2001година, бил именуван за државен секретар во МВР.

За време на Вооружен конфликт од 2001, на 13 мај 2001 година бил назначен за Министер за внатрешни работи на Република Македонијаво широката владина коалиција.

По парламентарните избори на 15 септември2002 година, бил разрешен од функцијата Министер и станал пратеник во Собранието на Република Македонија. Во април 2004 година, со собрани 10.000 потписи, Бошкоски се кандидирал на претседателските избори, но од страна на Државната изборна комисија неговата кандидатура била отфрлена заради неисполнување на условот за 15 години непрекинато живеење во Република Македонија.

Во мај 2004 година Парламентарната комисија за мандатно-имунитетни прашања му го одзела пратеничкиот имунитет, поради сомневање за негова вмешаност во случајот Раштански Лозја, поточно за потикнување на убиство на шест пакистански и еден индиски државјанин на 3 март 2001 година.

По обидот за негово повикување од страна на истражен судија, заминува за Хрватска, каде што се пријавува во полициската станица во Загреб. По објавената меѓународна потерница и доставеното барање за негово судење во Хрватска од страна на Министерството за правда на Република Македонија, Бошкоски е притворен во затворот во Пула. По шестмесечна истрага, основниот јавен обвинител Нуиќ покренува обвинение за вмешаност на Бошкоски за извршени седум дела на убиство, но судењето не отпочнало заради барањето од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг да биде депортиран во затворот во Шевенинген за случајот Љуботен, поточно за убиство на 10 цивили на 12 август 2001 година во селото Љуботен.

На 22 април 2005 година Основниот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за 4 обвинети во случајот Раштански лозја, па се очекува и судот во Пула, кој го замрзнал предметот заради заминување на Бошкоски во Хаг, да го ослободи за истот случај.

Во август 2004 година е уапсен со Хрватска. Во декември истата година Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија покрена обвинение против него и Јохан Тарчуловски и во март 2005 година е префрлен во Хаг.

Судењето започнало на 16 април 2007 година, а заврши на 10 јули 2008 година, кога Бошковски е прогласен за невин од страна на Хашкиот трибунал за настаните во скопското село Љуботен во август 2001 и е ослободен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести