Како што пишува Инфомакс, откако го исвиркаа и го испратија каде што му е местото, Љубе на крајот влегол и во физичка пресметка на паркингот на хотелот „Монтана“ откако еден од посетителите му довикувал дека е предавник.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 октомври, 2019 11:19

Љубе Бошкоски се степал на паркинг – го пцуеле и му довикувале дека е предавник

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Љубе Бошковски, поранешениот министер за внатрешни работи направил скандал на паркинг во Крушево.

Како што пишува Инфомакс, откако го исвиркаа и го испратија каде што му е местото, Љубе на крајот влегол и во физичка пресметка на паркингот на хотелот „Монтана“ откако еден од посетителите му довикувал дека е предавник.

И на крај, на одење, пред хотел Монтана, брат Љубе се степа со еден. Човекот беше во кола и пцуеше по брат Љубе, му викаше предавник. Љубе се поврати, му појде на прозор да се кара, викање, влечење, си удрија по 3-4 тупаници. @o_spasovski ќе има ли кривична за сестрата – стои во објавата на Твитер, пренесе Инфомакс.

Инаку во мај 2004 година Парламентарната комисија за мандатно-имунитетни прашања му го одзела пратеничкиот имунитет, поради сомневање за негова вмешаност во случајот Раштански Лозја, поточно за потикнување на убиство на шест пакистански и еден индиски државјанин на 3 март 2001 година. По обидот за негово повикување од страна на истражен судија, заминува за Хрватска, каде што се пријавува во полициската станица во Загреб. По објавената меѓународна потерница и доставеното барање за негово судење во Хрватска од страна на Министерството за правда на Република Македонија, Бошкоски е притворен во затворот во Пула. По шестмесечна истрага, основниот јавен обвинител Нуиќ покренува обвинение за вмешаност на Бошкоски за извршени седум дела на убиство, но судењето не отпочнало заради барањето од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг да биде депортиран во затворот во Шевенинген за случајот Љуботен, поточно за убиство на 10 цивили на 12 август 2001 година во селото Љуботен. На 22 април 2005 година Основниот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за 4 обвинети во случајот Раштански лозја, па се очекува и судот во Пула, кој го замрзнал предметот заради заминување на Бошкоски во Хаг, да го ослободи за истот случај.

Во август 2004 година е уапсен со Хрватска. Во декември истата година Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија покрена обвинение против него и Јохан Тарчуловски и во март 2005 година е префрлен во Хаг. Судењето започнало на 16 април 2007 година, а заврши на 10 јули 2008 година, кога Бошковски е прогласен за невин од страна на Хашкиот трибунал за настаните во скопското село Љуботен во август 2001 и е ослободен.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...