Парот кој никогаш не се венча, со децении живее заедно во Атина, има две машки деца.

Објавил: admin@magazin | 21 јануари, 2019 9:59

Љубовниот живот на грчкиот премиер Алексис Ципрас

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Грчкиот премиер Алексис Ципрас (44) е човек кој никогаш не се женел и важи за еден од најголемите миленици на понежниот пол во неговата земја.

Ципрас исто така е познат и по својата интересна љубовна приказна, која што трае речиси 31 година. Во далечната 1987 година, тој на неговите 13 години во средното училиште Амелокипои ја сретнал љубовта на својот живот, Перистера Базиана, позната во јавноста како Бети.

Ципрас и Бети заедно студирале на Техничкиот факултет во Атина и заедно им се приклучиле на младите комунисти. Ципрас од секогаш бил страстен спортист и живеел во близина на фудбалскиот стадион. Ципрас бил редовен посетител на речиси сите натпревари, посебно кога играл неговиот омилен клуб Панатинаикос. Но и покрај се политиката станала неговата животна определба.

Младиот пар уште тогаш бил политички активен и заедно водел неколку протести, помеѓу кои и протестот против непопуларните реформи во образованието. Токму поради улогата и влијанието кои ги имала Бети во неговиот живот, во времето пред да стане премиер, грчките гласачи се прашуваа дали всушност Перистера ќе биде таа која ќе управува со државата од сенка.

Парот кој никогаш не застана пред олтар, со години живее заедно во Атина, има две машки деца. Тие се обидуваат да го чуваат приватниот живот во дискреција, но сепак Бети, која во Грција ја нарекуваат и дамата која не носи Прада, привлекува големо внимание каде и да се појави.

Медиумите во светот, внимателно го следат секое нејзино јавно појавување, а Гардијан ја опиша како љубовта од детството на премиерот, која е скромна, не купува брендирана гардероба и сама си ја средува фризурата.

Семејството е познато и по тоа што не сака да ужива во голем луксуз, односно живее во областа Кипсели во Атина, која е позната како срцето на работничката класа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.