Иако имало многу непроверени приказни за породувањето, сепак се верува дека Кабаева родила два сина во московска клиника.

Објавил: admin@magazin | 9 октомври, 2020 0:19

ЉУБОВНИЦАТА НА ПУТИН ПОСТАНА МИСТЕРИЈА: Се зборуваше дека родила близнаци, а никој не ја видел веќе две години (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Алина Кабаева, поранешна руска гимнастичарка, за која се шпекулираше дека има близнаци со претседателот Владимир Путин, не е видена од 2018 година, пренесуваат странските медиуми.

Според гласините, Кабаева, освојувачот на златниот олимписки медал, е долгорочен партнер на Путин. Наводно, тие ги добиле близнаците во мај 2019 година, како што тврди една руска страница, сепак, тој напис е избришан во меѓувреме.

Иако имало многу непроверени приказни за породувањето, сепак се верува дека Кабаева родила два сина во московска клиника.

Поранешната гимнастичарка не се појавува често во јавноста и живее многу затскриен живот, така што мистеријата дополнително се продлабочи.

“Ќерките од Путин живеат со лажни имиња со години. Дури и денес не ги спомнува често, па дури и ако ги споменува, не ги спомнува нивните имиња. Ако Алина ги родила своите деца, нејзиното исчезнување од јавниот живот е до сега најголемиот успех на Путин, кога станува збор за зачувување на приватноста “, изјави извор од Москва за британски Сан.

Со години во Русија кружат гласини дека претседателот е во врска со Кабаева, 30-годишна помлада спортистка.

Да потсетиме, според руските медиуми, минатата година бил уреден целиот четврти кат на Истражувачкиот центар за акушерство, гинекологија и перинататологија со цел да се смести поранешната гимнастичарка и пратеничка во партијата на Путин.

Еден од водечките весници во Москва ја објави оваа сторија на својот портал, која подоцна ја избриша.

Сергеј Канев, истражувачки новинар, близок до руските разузнавачки служби, истакнува дека Алина родила близнаци. Тој бил информиран дека биле ангажирани голем број службеници за безбедност, кои извршиле преглед на секој агол од породилната болница пред нејзиното пристигнување.

„Половина од медицинскиот персонал е протеран од ова одделение“, рече тој, повикувајќи се на свој извор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.