Изминатиов викенд Љубомир Спасиќ зема учество во последниот натпревар сезонава кој се одржуваше во Чешке Буџејовице, каде што се сумираа резултатите од сите овогодишни трки. Претходно тој се натпреваруваше во натпреварите за Европски куп и во Македонија, Словенија, Германија, Шпанија и Италија, по кои заврши прв во генералниот пласман во конкуренција на повеќе од 200 кајакари од 17 европски држави.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 август, 2019 18:27

Љубомир Спасиќ е првиот Македонец кој освои Европски куп во кајак! (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Љубомир Спасиќ  од Велес е првиот Македонец што го освоил Европскиот куп во дисциплината спуст и успеа да влезе во историјата на македонскиот кајак на диви води.

„Секој збор, секоја реченица би била излишна. Едноставно, целта е остварена“, изјави членот на кајак и кану клубот Арка-Борец од Велес.

Изминатиов викенд Љубомир Спасиќ зема учество во последниот натпревар сезонава кој се одржуваше во Чешке Буџејовице, каде што се сумираа резултатите од сите овогодишни трки. Претходно тој се натпреваруваше во натпреварите за Европски куп и во Македонија, Словенија, Германија, Шпанија и Италија, по кои заврши прв во генералниот пласман во конкуренција на повеќе од 200 кајакари од 17 европски држави.

Четвртото место му припадна на македонецот Александар Златаров, во вкупниот поредок за Европскиот куп.

 

Извор Експрес.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.