среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



На местото на убиството изврши увид полицијата  и основен јавен обвинител.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јануари, 2020 15:58

Љупчо дошол од Америка за да го крштева синот, а шурата ги убил неговата сестра и мајка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Убиството се случило околу 8 часот изутрината кога во домот на Костовски, родители на неговата сопруга, дошол 50-годишниот Никола П. Со пиштол ги застрелал поранешната сопруга Александра и нејзината мајка Трајанка, објави основното јавно обвинителство од Прилеп. 

– Јавен обвинител во координација со екипи на крим-техника од Министерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп каде утринава во 8 часот беа пронајдени две безживотни тела. Безживотните тела на А.П. родена 1979 година и нејзината мајка Т.К. родена 1956 година имале прострелни рани. Во нив пукал сега осомничениот, 50-годишниот поранешен сопруг и зет на починатите. Со две прострелни рани се здобило и уште едно лице, брат и син на оштетените Љупчо, кое било во просторијата. Во обидот да биде совладан, повреден е и осомничениот. Повредениот оштетен и осомничениот се пренесени во прилепската болница каде им се укажува медицинска помош, стои во соопштението на Обвинителството.

На местото на убиството изврши увид полицијата  и основен јавен обвинител.

Соседите на семејството Костоски во изјава за Сител телевизија велат дека до сега не слушнале никакви расправии и дека важат за мирни и почитувани луѓе. Синот на семејството Костоски, сега повредениот Љупчо кој е поранешен шура на сторителот на кривичното дело убиство, си дошол со семејството од Америка за крштевка на неговото дете, .

Според соопштението на Обвинителството, наредена е обдукција на починатите, а и претрес на домот на осомничениот.

-Издадена е наредба за обдукција над починатите. Обезбедените траги од лице место ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде и наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец кој, според сознанијата на обвинителството, поради претходно нарушени брачни односи не живеел во заедница со неговата сега почината сопруга, стои во соопштението на Обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.