Тој, порача дека нема да дозволи да го замолчат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2019 16:40

Љупчо Златев повикан на распит во полиција поради објавената снимка за Рашковски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот и главен  одговорен уредник на порталот Економски Лидер, Љупчо Златев бил повикан на распит во полиција.

-Наместо да го гони криминалот, полицијата одлучи да ги гони оние кои го откриваат криминалот. МВР ме повика на распит затоа што како одговорен уредник на Економски Лидер ја објавив снимката на која се слуша како генсекот на владата Драги Рашковски договара тендери и провизии. Распитот ќе се обави утре, откри Златев на својот Фејсбук профил. 

Тој, порача дека нема да дозволи да го замолчат.

Рашковски ја предводи и меѓуресорната група за спроведување на Законот за јазици.

За потсетување, на порталот “Економски лидер“, чиј уредник е Љупчо Златев беше објавена снимката во која се тврди дека освен гласот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски се слушаат и тогашниот технички директор на М-НАВ Климент Чапуњовски и директорот и претседател на управниот одбор на компанијата Николче Тасески.

Чапуњовски според снимениот материјал, му укажува на Рашковски дека не може да се прави записник за состанокот со компанијата „Леонардо“, затоа што тоа е против правилата на Банката (н.з се мисли на Европската Банка за Обнова и развој – која го финансира проектот). На неговата реакција се надоврзува и директорот Тасески.

Инаку Рашковски кој ја извршува функцијата генерален секретар на Владата, Драги Рашковски најави дека ќе поднесе кривична пријава за неовластено снимање против Климент Чепуњовски, како и тужби за клевета и навреди против Иванка Василевска, Горан Момировски, Миленко Неделковски, Љупчо Златев. Арбитражна постапка ќе биде поднесена и против медиумите „Курир”, „Инфомакс” и „Лидер”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести