Заедно со партиски членови и функционери, денеска присуствував на традиционалниот јаболкобер во Ресен.

Објавил: admin@magazin | 28 септември, 2019 18:52

Љупчо Николовски се фати за работа: Качен на дрвена скала собираше јаболка во Ресен(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство, беше во Ресен, каде што со други членови на партиското раководство се приклучи кон традиционалниот јаболкобер.

Заедно со партиски членови и функционери, денеска присуствував на традиционалниот јаболкобер во Ресен, вели Николовски.

-Тука сме за симболично да им помогнеме на јаболкарите но и да ги слушнеме нивните потреби, коментари и ставови и заеднички да создаваме нови мерки и политики во интерес на земјоделците.

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство, беше во Ресен, каде што со други членови на партиското раководство се приклучи кон традиционалниот јаболкобер.

Овоштарството е една од клучните земјоделски гранки на која и посветуваме особено внимание, потенцираше Николовски.

Традиционално, вчера на големиот христијански празник Крстовден, со симболично откинување на првото јаболко во Ресен официјално почна бербата на преспанското јаболко.

На свеченоста, покрај градоначалникот Живко Гошаревски присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Нарин Сахакјан.

– Очекуваме оваа година наместо за решавање проблеми да разговараме за квалитет и подобар пласман на јаболката. Заеднички да ја постигнеме целта, а тоа е не да го одржиме, туку да го зголемиме производството на јаболка, да имаме промена на асортиментот и јаболката да ги имаме 12 месеци, а не само во сезона. Тоа ќе го направиме со изградба на ладилници и откупно-дистрибутивни центри, нагласи Димковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...