Неговиот адвокат Васко Стојков за 360 степени вели дека го посетува притворениот Палевски секои десетина дена.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 ноември, 2019 10:29

Љупчо Палевски невин во притвор или допрва ќе дознаеме?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бизнисменот Љупчо Палевски веќе два месеца е во екстрадициски притвор во Србија. Тој беше уапсен на 12 септември оваа година на белградскиот аеродром по меѓународна потерница распишана од Хрватска.

Љупчо Палески требаше да биде избран за генерален секретар на партијата „Глас за Македонија” на Солза Грчева. 

Неговиот адвокат Васко Стојков за 360 степени вели дека го посетува притворениот Палевски секои десетина дена.

„Чекаме конечна одлука за екстрадиција од српските власти за Палевски да се појави пред судот во Хрватска, да ги презентира доказите во негова полза, по што очекуваме обвинението да биде повлечено“,

вели адвокатот Стојков.

Ниту српските ниту хрватските власти откриваат детали за делото за кое се бара Палевски. Од македонското МВР, на прашање на „360 Степени“ – дали се информирани за кривичното дело што му става на товар на Палевски, ни одговорија:

„На 19.9.2019 г. сме известени од Интерпол Белград дека лицето Љ.П.(55) бил лишен од слобода на 12.9.2019 г. во Белград, при што му бил одреден екстрадиционен притвор врз основа на меѓ.потерница издадена од Интерпол Загреб за сторено кривично дело – измама, согласно чл. 293 од Казнениот законик на Република Хрватска.“

Палевски требаше да биде избран за генерален секретар на партијата „Глас за Македонија” на Солза Грчева. Неговото име стоеше на веб-страницата на партијата како веќе да е на таа позиција. Но, иако по апсењето Грчева изјави дека не се откажува од Палевски зашто можно е да го местат, во меѓувреме, тој исчезна од интернет-страницата на „Глас за Македонија“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести