Љупчо Палевски приведен во Белград Грчева не се откажува од него !

Објавил: Узунов Бобан | 13 септември, 2019 11:22

Љупчо Палевски уапсен во Белград по хрватска потерница пред да замине за Москва !

Фото/Текст извор: ©магазин

Не се откажуваме од Љупчо Палевски додека не се испита целата работа, вели претседателката на политичката партија „Глас за Македонија“, Солза Грчева, откако нивниот генерален секретар Палевски беше приведен на белградскиот аеродром по потерница од Хрватска.

Љупчо Палевски е поранешен функционер на СДСМ а денес најголемиот гласен противник на моменталната политика на СДСМ и Зоран Заев. Инаку, во август 2017, Палевски беше приведуван на распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за предистражна постапка која тогаш беше отворена. Тогаш немаше официјални информации за каков предмет беше повикан, но според она што неофицијално беше објавено, тој бил повикан во врска со објавувани прислушувани разговори.

„Можеби ова му е подметнато. Да видиме за што станува збор. Тој не одеше некаде во својство на партиски функционер, си оди во својство на бизнисмен, има своја работа и бизнис. Работи со котли и колку што знам извезува во Србија, Русија, Хрватска и каде се не. Не сум во тек со неговата работа, како што ниту тој не е со мојата. Тоа не е партиска работа, но можеби му е наместено“,се сомнева Грчева.

Иако на веб-страницата на партијата на Грчева стои дека Палевски е генерален секретар, таа тврди дека тој се уште не е официјално избран од партиските органи за таа раководна позиција иако така е планирано.

„На веб-страницата го има ставено некој од администраторите. Инаку, Љупчо Палевски не е официјално избран за генерален секретар на „Глас за Македонија“. Тој не е поминат низ партиските органи и нема позиција. Движењето „Трета“ што го води Палевски се приклучи на „Глас за Македонија“ и тој многу е активен организациски, но се уште не е официјално поставен за генерален секретар“, тврди Грчева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести