-Макрон беше осамен меѓу 28-те земји членки во ставањето вето за Македонија за почнување на пристапните преговори.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 ноември, 2019 21:56

“ЊУЈОРК ТАЈМС”: Владата на Заев е колабирана, процесот на проширување на ЕУ е загрозен!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еден од највлијателните американски медиуми “Њујорк Тајмс” пишува дека во Македонија владата на премиерот Зоран Заев е сега колабирана и процесот на проширувањето на ЕУ е доведен во прашање.

“Њујорк Тајмс” пишува дека Макрон бил осамен меѓу 28-те земји членки во ставањето вето за Македонија, за почнување на пристапните преговори. 

-Макрон одненадеж аргументираше дека процедурата на проширување на Европската унија треба да биде ревидирана, пишува во текстот. Потегот на Макрон се анализира како негово позиционирање во однос на екстремно десничарската партија во пресрет на претседателските избори 2022 година.

Во Македонија владата на премиерот Заев сега е колабирана пишува весникот.

Најавената средба меѓу македонскиот и францускиот претседател Стево Пендаровски и Емануел Макрон е добра вест и ќе биде од голема помош, вели премиерот Заев.

Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја најавената средба рече дека е среќен што првиот претставник на нашата држава, ќе оствари средба со Макрон.

„Верувам дека ќе биде одлична можност да уште еднаш ги претставиме нашите ставови, нашите аргументи по ова прашање. Се надевам дека и во иднина и јас ќе имам таа можност. Јас сум среќен што претседателот ќе се види и знаете дека некои три-четири месеци барав и јас средба, веројатно и претседателот Пендаровски барал средба со претседателот Макрон, но сум среќен што првиот претставник на нашата држава ќе оствари средба која што може да биде само од помош“, изјави Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.