Исто така на социјалните мрежи се огласи и неговата ќерка Валентина која напиша емотивен статус!

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 октомври, 2020 11:43

Ќерката на Амди Бајрам Валентина, со емотивен статус се прости од својот татко: Срце да ви препукне!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Поради кардиоваскуларни проблеми, вчера почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје.

Бајрам пред неколку месеци ја ампутираше и едната нога, по што, најави дека сака да се врати во политиката.

Сојузот на Ромите, партијата на починатиот Амди Бајрам, соопшти дека нивниот лидер денеска ќе биде погребан во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел.

Исто така на социјалните мрежи се огласи и неговата ќерка Валентина која напиша емотивен статус!

Ги замоли сите познаници, роднини и пријатели за последно да го испратат во својот вечен дом!

Таа вели дека телото ќе биде погребано на градските гробишта во Бутел!

Погребот е закажан за денеска, прво во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алејата на Великаните.

– Од канцеларијата на Сојузот на Ромите на Република Северна Македонија ве информираме со голема тага и болка дека вчера, на 24 октомври 2020 година почина нашиот сакан и почитуван претседател на партијата и долгогодишен пратеник во Собранието, претходно соопшти партијата!

Амди Бајрам е роден во Скопје во 1956 година и има завршено средно трговско училиште. Првпат станува пратеник во 1994 година, како член на Партијата за целосна еманципација на Ромите. По две години, ја основа Сојуз на Ромите и е нејзин претседател. Тој е познат и по неговата изјава во 1998 година, кога победата на Бранко Црвенковски на парламентарните избори ја предвидува со „102 проценти“. Бајрам од 1998 година до 2002 ја поддржуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски.

Тој беше осуден и на седум годишна затворска казна, која потоа му беше намалена на четири години, поради кражба во штипската фабрика „Македоника“. Бајрам излегува од затвор во 2008 година.

Откако излегува од затвор, тој влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која ја напушта во декември 2016 година, кога на власт доаѓа СДСМ. Бајрам оттогаш ја поддржува владејачката партија, а пратеник беше до јули 2020 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести