Вчера во медиумите беше посочено само дека службено возило на МВР се користи за приватно патување

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 14:06

Ќерката на директорот на БЈБ Велковски се вози со службениoт џип на МВР низ Грција

Фото/Текст извор: ©НетПрес

Порталот “НетПрес” тврди дека со лускузниот полициски теренец “Ренџ Ровер Дискавери Спорт” во Грција во моментов на летување е ќерката на висок полициски фунцкионер со нејзините другарки.

Според извори на овој портал станува збор за ќерката на директорот на Бирото за јавна безедност [ БЈБ ]  при МВР Лазо Велковски која што заедно со уште четири девојки со службеното возило кое што го должи таткото летува во кампот “Евридики”.

Изворите на порталот исто така наведуваат дека поседуваат и други фотографии како и дека можно е џипот да го управувал службен возач од министерството но и дека девојките можеби и самите се возеле до Грција.

Порталот вчера објави фотографии и видео од џипот кој со голема брзина се движи низ автопатиштата во Грција поставувајќи прашање кој го вози џипот и кои се девојките што патуваат со него.

МВР најави дека ќе го истражи целиот случај и дека ќе објави за што се работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.