Дурловски кој е еден од најпознатите оперски пејачи кај нас воедно е и еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, и беше претставен  како почесен гостин од Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 февруари, 2020 11:44

ЌЕ ВЕ НАЕЖИ: Игор Дурловски ја пее македонската химна во Канада

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера вечер Игор Дурловски направи невидена атмосфера со изведбата на македонската химна. Тој беше поканет на 49. „Гоцева – комитска вечер“ во Торонто.

Игор Дурловски роден е во битола во 1977 година

Дурловски кој е еден од најпознатите оперски пејачи кај нас воедно е и еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, и беше претставен  како почесен гостин од Македонија.

Тој буквално предизвика морници кога ја изведе и македонската химна.

Оваа прослава наречена „Гоцева вечер“, беше организирана од „Обединети Македонци“ од Канада, а се одржа во македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во чест на роденденот (4 февруари 1872 година) на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

Игор Дурловски е роден 1977 во Битола.Тој  е еден од најпознатите македонски оперски пејачи.

Студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена.

Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта “Посета на старата дама” на Готфрид Фон Ајнем.

Во јавноста името на Дурловски се споменуваше откако тој беше осуден за настаните во Собранието на 27-ми април. На 15 март годинава обвинетиот Игор Дурловски беше ослободен од обвинението за тероризам, а беше одлучено трошоците за Дурловски да паднат на товар на буџетот на Република Македонија, и тој редовно да се јавува во суд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести