Не превземањето конкретни мерки за намалување на загадувањето, ги прави граѓаните револтирани и бараат од властите да превземат итни мерки против тивкиот убиец.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 декември, 2019 10:59

ЌЕ ВЕ НАЕЖИ: Погледнете како загадениот воздух влијае врз здравјето на децата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еден од најголемите проблеми со кои мака мачиме години наназад е Аерозагадувањето. Нема ден а да не видиме некој од градовите од Македонија дека е на листата со најзагаден воздух.

Не превземањето конкретни мерки за намалување на загадувањето, ги прави граѓаните револтирани и бараат од властите да превземат итни мерки против тивкиот убиец.

Дете - загаден воздух
Малите честички од загадениот воздух ПМ 2,5 се повеќе од 25 пати помали од ширината на човечкото влакно. Со вдишување на воздухот честичките влегуваат во телото преку носот и устата. Воздухот поминува низ дишните патишта и стигнува до алвеолите, мали воздушни кесички во најдлабоките делови на белите дробови.

УНИЦЕФ објави едно видео после кое сите ќе се замислиме. На видеото е прикажано како загадениот воздух влијае врз здравјето на децата. 

Видеото има за цел да се подигне свеста а главна цел е да се покаже дека загадениот воздух носи трајни последици кај децата чии бели дробови, мозок и имунолошки систем се сè уште во фаза на развој.

Секое дете заслужува да дише чист воздух. Во ова видео можете да слушнете повеќе за последиците што загадениот воздух може да ги има врз децата.

Кога ќе вдишете длабоко, што мислите дека вдишувате?
Дури и кога загадувањето во воздухот е невидливо, тоа може да донесе трајни последици, особено кај децата чии бели дробови, мозок и имунолошки систем се сеуште во фаза на развој.

Пасивноста веќе не е опција, мораме веднаш да го спречиме загадувањето, стои во објавата на УНИЦЕФ МК.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...