Тасевски на својот Фејсбук профил пред неколку дена напиша дека е подготвен да шета гол во Аеродром доколку ја осудат обвинителката за случајот Рекет.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2019 23:16

Ќе ве насмее до солзи: Тасевски и испеа песна на Јанева, Катица од трето три

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актерот Сашо Тасевски повторно распали на Фејсбк, со статус посветен на актуелната ситуација со случајот Рекет, во кој Боки 13 и Зоки Кичеец, беа приведени за рекет, а наводно во овој случај е вмешана и Јавната обвинителка, Катица Јанева и нејзиниот син. 

Сашо Тасевски во 1995 година дипломирал на катедрата за актерска игра на Факултет за драмски уметности – Скопје. Во 1998 година се вработил како глумец во Драмски театар во Скопје, каде остварил преку педесет театарски ролји во матичниот и други театри низ државава, но и како соработник со други театарски институции и проекти.

Тасевски на својот Фејсбук профил пред неколку дена напиша дека е подготвен да шета гол во Аеродром доколку ја осудат обвинителката за случајот Рекет.

Ако го осудат Катето, ќе организирам геј парада у Аеродром, кајшто е најризично и издепилиран во црвена танга ќе скандирам: Нема правда, нема мир!, напиша Тасевски, а денеска се надоврза со нов статус: Мислев се истрчав ко реков у танга ќе шетам ако ја осудат Катица. Се опцув стопати… Ах шо ми требаше, сум го колнел денот во кој сум се родил. Сега викам ќе ја осудат, ќе ми вадат што сум рекол и ќе мора на геј парада на чело да бидам.
Ама имало Господ, пресов на Катица беше музика за моите уши. Нема да лежи. А ја ќе продужам да глумам мачо пред светот. Тангата само по дома.

По денешниот прес на Катица Јанева Тасевски повторно распали на Фејсбук а и посвети и нова урнебесна песна.

Боки 13 викаш те злоупотреби, а Като? Тоа е ко Елиот Нес да беше фатен во рекет и да кажеше, внучето од сестра на Ал Капоне ме заеба. Иначе немаше.

Катица, мамето да ти го ебам, од ко ја направи онаа глупост, ни Ленче ни Фатиме повеќе не ми дошле на сон голи, напиша Тасевски на Фејсбук.

Во продолжение слушнете ја неговата нова песна посветена на Јанева која ја наслови Катица од Трето Три.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести