Банкноти од по 500 евра, во снопче на кои стои назнака „НЛБ Тутунска банка”, и Катица Јанева на сликата е презентирана пред судот,

Објавил: Македонка Димкин | 11 февруари, 2020 15:07

Ќе го јаде ли „стапот„ само Јанева, или пак е ова неминовна театарска претстава?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Банкноти од по 500 евра, во снопче на кои стои назнака „НЛБ Тутунска банка”, и Катица Јанева на сликата е презентирана пред судот, а таа е направена на 04.02.2019 година во нејзиното престојувалиште каде што беше уапсена, по отворањето на предметот „Империја“.

Низа од фотографии беа презентирани од обвинетата Катица Јанева. Дел од нив се направени во нејзното престојувалиште во Скопје, но и во просториите на СЈО каде се гледа како држи документ кој подоцна при претресот во нејзината канцеларија е одземен од Обвинителството за гонење организиран криминал и е дел од доказите. Јанева на фотографиите најчесто седи на гарнитурата која исто така е одземена од нејзиното престојувалиште, при нејзиното апсење.

Пред Јанева на масичката, освен парите има и слатки, пепелотресник, цигари.

Меѓу фотографиите кои се докази, ја има и Катица Јанева фотографирана во ресторан „Ден и ноќ“ како се труди да стави плик во во ташна.

Се презентираа и снимки, на кои Јанева вели „Што ќе одлучи ќе видиме“, додека пред неа стои снопчето од пари во апоени од 500 евра.

Снимките и сликите се извадени од телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски, со вештачење направено од МВР.

По презентирањето на доказите, Јовановски пред судот кажа дека истите се небитни и дека не се поврзани со диспозитивот од обвинението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести