Сите информации со кои располага Министерството за труд, како што изјави денеска Царовска, ќе бидат доставени до истражните органи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 ноември, 2019 14:57

ЌЕ ДОБИЕ ЛИ КАЗНА ДАДИЛКАТА: Царовска молчи за случајот со претепаното дете!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска не открива дали негувателката која истепа дете во Аеродром имала лиценца. Тоа, смета, треба да го кажат институциите надлежни за овој случај.

Мајката на детето не можла да поверува што се случило. Веднаш го однела детето на преглед.

Сите информации со кои располага Министерството за труд, како што изјави денеска Царовска, ќе бидат доставени до истражните органи.

-Случајот е под истрага. Сите документи и сознанија што ги има Министерството ќе ги достави до надлежните истражни институции за да не се нарушува редоследот на нештата. Не би можела да дадам детална изјава сега. Тоа е под истрага и ве молам да се обратите до истражните органи. Независно дали јас ја имам информацијата, важно е дека сите информации кои се за јавност треба да ги даде истражен орган кој е одговорен за целата постапка, а ние како одговорна институциија сите сознанија што ги имаме ќе ги предадеме во надлежните институции, истакна Царовска, одговорајќи на новинарски прашања.

На 21 ноември годинава сопственик на угостителски објект во општина Аеродром, проверувајќи ги безбедносните камери, забележал како женско лице физички малтретира дете. Случајот го пријавил, по што реагираа надлежните. Идентитетот на негувателката е утврден и таа моментно е во притвор.

Извор Лидер.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести