Предлогот за разрешување на дел од постојните министри и избор на нови, се очекува во македонското собранието да се најде некаде во јуни, најавува министерот Османи, заедно со првите луѓе во новото Министерство за политички систем, кое треба да се формира по укинувањето на Секретаријатот за рамковен договор.

Објавил: Весна Петровска | 8 мај, 2019 16:41

Ќе заигра метлата во Владата – Заев и Ахмети ќе прават чистка

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во Владата наредните денови премиерот Зоран Заев и Али Ахмети почнууваат да прават реконструкција на Владата, или како што кажа Заев ќе заигра метлата.

Предлогот за разрешување на дел од постојните министри и избор на нови, се очекува во македонското собранието да се најде некаде во јуни, најавува министерот Османи, заедно со првите луѓе во новото Министерство за политички систем, кое треба да се формира по укинувањето на Секретаријатот за рамковен договор.

-Оваа дебата не е отворена ниту во партијата ниту меѓу коалициските партнери. Се очекува наредните денови двајцата коалициски лидери да почнат разговори и да изградат конкретно мислење околу работата на министрите, вели Османи.

И министерката Рената Треневска-Дескоска ги отфрла шпекулациите дека откако ќе го заокружи Законот за обвинителство и за СЈО, ќе се врати како прв човек во Министерството за образование.

– Нема да се враќам во Министерството за образование. Не сум јас Никола Тодоров и да ги шетам сите ресори, рече министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавената „метла“ од премиерот Зоран Заев.

Додаде дека не знае дали ќе го напушти Министерството за правда.

– Мојот пат е одење напред, а не враќање назад. Единствено место каде што можам да се вратам по политиката е Правниот факултет, а не МОН

Исто така и министерот Венко Филипче очекува премиерот Заев да ја спроведе реконструкцијата што ја најави, но не очекува тој да биде дел од неа. Најавува „метла“ во здравствениот сектор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести