Министерот за здравство, на фејсбук напиша дека досегашните мерки дале резулатат и епидемијата имала надолен тренд. Предупредува дека состојбата може да се дестабилизира ако во пресрет на празниците не се почитуваат мерките.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 април, 2021 7:02

Ќе има ли рестрикции за Велигден – одлука се носи денеска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/сител

Истите рестриктивни мерки да важат уште една недела или полицискиот час да почнува од 20 или 21 часот, а да се отворат летните тераси на угостителите. Ова според информациите на Сител се двете опции за продолжување на мерките кои ќе ги разгледува Комисијата за заразни болести.

Конечната одлука ќе биде донесена денеска.

Неофицијално, поголем дел од членовите биле да се продолжат постоечките рестриктивни мерки, односно угостителските објекти да останат затворени уште една недела, а полицискиот час да почнува во 20 часот.

Министерот за здравство, на фејсбук напиша дека досегашните мерки дале резулатат и епидемијата имала надолен тренд.

Предупредува дека состојбата може да се дестабилизира ако во пресрет на празниците не се почитуваат мерките.

Филипче бара, слободните денови да не се користат за групирање.

Мерките за спречување на ширењето на коронавирусот се спроведуваат трета недела по ред откако минатиот понеделник беа продолжени за уште седум дена. Комисијата за заразни болести тогаш најави дека во зависност од бројот на новозаразени ќе се знае какви мерки ќе бидат предложени во периодот од 27 април до 15 мај.

Се предлагаше полицискиот час да почнува во 21 часот, рестораните да примаат гости само на летните тераси, а на отворено да се спроведуваат и спортските тренинзи.

Во меѓувреме, бројките покажуваат пад кај ново заразените со ковид 19 и намалување на бројот на хоспитализирани во болниците. Во скопските ковид центри се лекуваат близу 600 пациенти, а изминатите 24 часа имало 34 хоспитализации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести