Според собраниски извори, пратениците денес ќе гласаат за уставните измени, за кои е извесно дека ќе пропаднат, по што ќе започнат консултациите за предвремени избори

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 7:40

Ќе има уставни измени или петти по ред предвремени избори, прашање е сега!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По еднодневната пауза пратениците се враќаат во собраниските клупи.

Во текот на тридневната пауза пратениците на власта и опозицијата ги задржаа целосно спротивставените ставови, а расправата за уставните измени продолжува денес, кога се очекува и гласањето.

Паузата од еден ден во работата на парламентот е протолкувана во дел од медиумите како време земено за последен обид власта и опозицијата да дојдат до некој договор кој би го обезбедил неопходното 2/3 мнозинство од вкупно 120 пратеници.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ јасно стави до знаење дека не само на парламентот, туку и на американските претставници дека Преспанскиот договор за нив е мртов, и дека пратениците на таа партија ќе гласаат против.

Според информациите од Собранието, за уставните промени, најверојатно ќе се гласа на денешната седница.

Во Брисел пак, како што е најавено, и покрај се, ќе почнат официјални преговори за пристапување на Македонија во НАТО.

Од Владата најавија дека ќе почнат со изработка на уставни амандмани, по одлучување во парламентот, и дека е најдобро тоа да го направат заедно со опозицијата.

Тоа го најави владиниот портпарол за новинари.

Меѓутоа, ВМРО – ДПМНЕ одлучи да ја напушти расправата и им сугерира на партиите во власта да прекинат, според нивно мислење, со бесмислена расправа, така што уставните амандмани ќе се стават на гласање.

Парламентот расправата ќе ја продолжи на пладне.

Доколку уставните амандмани не добијат двотретинско мнозинство, од владата најавија брзи предвремени парламентарни избори, што значи дека тие би биле одржани во рок од најмалку 45 до најдолго 60 дена.

И ВМРО – ДПМНЕ смета дека изборите се единствено решение, но согласно со изменето изборно законодавство а тоа би значело да се формира техничка влада која би имала нов премиер и нови министри од владеачката коалиција во ресорот полиција, социјални работи, земјоделство и неколку министри од опозицијата.

Тие, велат, би требало да го подготват одржувањето на избори во рок од 100 дена.

Двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, судејќи според претходни изјави се убедени во победа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.