– Секако ти си мој гостин, одговори Путин.

Објавил: admin@magazin | 28 август, 2019 20:52

– ЌЕ ПЛАТИШ ЛИ ЗА МЕНЕ?- Путин му купи сладолед на Турскиот претседател Ердоган(Видео)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера присуствуваше на отворањето на меѓународно авијациско-вселенскиот саем „МАКС“ како гостин на рускиот претседател Владимир Путин. За посетата да биде поинтересна Путин го почести со сладолед.

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган доби чоколаден сладолед од неговиот руски колега, Владимир Путин, за време на посетата во Русија, пренесе „Гардијан“.

– Ќе платиш ли и за мене?, го праша Ердоган рускиот претседател.
– Секако ти си мој гостин, одговори Путин.

Реџеп Таип Ердоган е турски политичар, Премиер на Турција и претседател на Турција, претседател на Партијата за правдата и развојот и поранешен градоначалник на Истанбул.

Во текот на 1967 година, Ердоган живеел во Истанбул. Завршил на факултетот на факултетот за менаџмент во 1981 година. На осумнаесет години стапил за прв пат во политичките води. Во текот на 1969-1982 година бил полупрофесионален фудбалер.

За градоначалник на Истанбул бил избран на локалните избори од 27 март 1994 година. Подоцна, тој бил одуден на казна затвор поради поттикнување на верска омраза. По ова, тој ја основал Партијата за правда и развој. Партијата, по само една година од своето основање, во 2002 година забележала победа на парламентарните избори. Во почетокот, Ердоган не бил премиер, туку на таа функција стапил на 14 март 2003 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.