Во Србија до сега се регистрирани уште осум лица, така што бројката достигна вкупно 97 потврдени случаи на КОВИД - 19, соопшти утринава Министерството за здравство на Србија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 март, 2020 10:43

ЌЕ СЕ БОРИМЕ И ЌЕ ПОБЕДИМЕ- Вучиќ објави добра вест! Во Србија пристигнаа респиратори од Каиро!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Клиничкиот центар во Србија пристигнаа нови респиратори, од шведско производство кои се донесени од Каиро, објави денеска претседателот на државата Александар Вучиќ.

Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил објави фотографија на која се гледаат апаратите и напиша:

„Моја работа е да се борам за животите на нашиот народ и иднината на Србија! Ќе се бориме и ќе победиме“.

Вучиќ го додаде и хаштагот „остане дома“.

Во Србија до сега се регистрирани уште осум лица, така што бројката достигна вкупно 97 потврдени случаи на КОВИД – 19, соопшти утринава Министерството за здравство на Србија.

Во Србија пред три дена беше воведена вонредна состојба , а завчера во 10 часот започна забраната за излегување на улица за лица над 65 години. Во селата до луѓе над 70 години!

Белград, Кикинда и Ниш се најтешко погодените градови во Србија, а нешто помалку е Чачак.

– Од завчера во 20 часот до 5 часот наутро секој ден во Србија се наметнува забрана за движење на сите лица од која било возраст, освен надлежните органи и одговорните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести