Со заемот од ЕБОР се обезбедуваат 10 милиони евра, а во набавката со два милиона евра сопствени средства ќе учествува ЈСП.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 јануари, 2019 11:51

Ќе се позајмат 10 милиони евра, за да се купат нови автобуси за ЈСП

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска во Министерството за финансии ќе биде потпишан договор за заем, со кој треба да се набават нови нископодни автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Се планираат да се купат 30 до 40 нископодни автобуси, а истите работат на компримиран природен гас.

На денешното потпишување на договорот за набавка за нископодни автобуси, ќе присуствуваат министерот за финансии, Драган Тевдовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, заменик директорот на Европската банка за обнова и развој за општинска и еколошка инфраструктура Лин О’Грејди и директорот на ЈСП Кристијан Чушков.

Со заем од ЕБОР се обезбедуваат нови 10 милиони евра, а во набавката со два милиона евра сопствени средства ќе учествува ЈСП. Град Скопје ќе издаде општинска гаранција за 10 те милиони евра, а Република Македонија ќе издаде државна гаранција. Заемот ќе мора да се отплати за 10 години, со вклучен грејс-период од три години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести