ЦЕЛТА Е ДА СЕ ОДБРАНИ ТИТУЛАТА!!

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 јуни, 2019 20:17

ЌЕ СЕ ФОРМИРА МОЌЕН ТИМ: БРАЗИЛСКИОТ „СНАЈПЕР“ ПРЕД ПОТПИС СО ВАРДАР!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Еден од најдобрите бразилски ракометари, Хозе Толедо, во наредните денови треба и официјално да стави потпис на договорот со Вардар.

Пред само неколку месеци „црни“ беа сценаријата за Вардар, а сега сликата е сосема поинаква. „Црвено-црните“ се актуелни европски шампиони, а во новата сезона ќе влезат со најголеми амбиции – одбрана на тронот.

Потврда на оваа констатација е информацијата дека Толедо, десниот бек на Висла Плоцк е во завршни преговори со раководството на македонскиот шампион.

Пополнувањето на ростерот на европскиот шампион Вардар за следната сезона продолжува. Ново име во редовите на „црвено-црните“, по се изгледа, ќе биде Бразилецот Хозе Толедо, кој сезоната ја заврши како член на екипата на Висла Плок.

Толедо е 25 годишен ракометар кој е исклучително висок (193cм), а од голема помош за Вардар би бил во одбраната која е негова специјалност во играта.

Покрај играта во дефанзива, Толедо располага и со разорен удар, а „кариоката“ особено се истакна на јануарскиот Мундијал во Германија каде беше најдобриот играч на Бразил.

Доколку дојде до официјална реализација на овој трансфер, Толедо ќе биде третото засилување за европскиот шампион. Веќе се официјализирани доаѓањата на Русите, Павел Атман и Сергеј Горпишин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...