Тежок пораз на Тереза Мај во Парламентот за глсањето за Брегзит

Објавил: Узунов Бобан | 16 јануари, 2019 9:34

Ќе ја напуштиме ЕУ но не со свиткана кичма

Фото/Текст извор: ©bbc.com/магазин

Тереза Меј го претрпе најтешкиот парламентарен пораз на било кој друг британски премиер во демократската ера откако пратениците го отфрлија нејзиниот договор за Брегзит со убедлива разлика од 230.

Конзервативците кои го поддржува Брегзит се здружија со опозициските партии и партијата Демократска унионистичка партија за да ја уништат владата во „значајното гласање“, кое што премиерката пред Божиќ го одложи во залудна надеж за победа над опонентите.

За поддршка на договорот гласаа 202 пратеници, додека 432 беа против.

Од 1918 година ова е најтежок пораз на еден премиер во гласањето во Британскиот парламент. Лидерот на опозцијата Џејмс Корбин изјави: Ова е катастрофален пораз, Парламентот ја донесе пресудата за нејзиниот договор (н.с за Тереза Меј). Одложувањето и одбивањето ја достигна крајната точка.

Меј побара од пратениците уште еднаш да го проучат договорот за Брегзит и да ја поддржат со денешното затворање на осум дневната дебата за Брегзит, предупредувајќи ги да не го прекршат ветувањето кон британскиот народ да го испорачаат Брегзит.

„Ова е најзначајното гласање во кое што било кој од нас некогаш ќе учествува во својата политичка кариера. По сите дебати, сите несогласувања, сите поделби, сега дојде време за сите нас во овој дом да донесеме одлука. Одлука што ќе ја дефинира нашата одлука за следните децении“, рече таа.

„Заедно можеме да им покажеме на луѓето на кои им служиме дека нивните гласови се слушнати, дека нивната доверба е на вистинско место“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести