Ќе дојдеме во ситуација македонскиот народ да биде лишен од државотворен легитимитет, а тоа е увод во деструктивни процеси, не сакам ни да мислам на тоа, вели академик  Катица Ќулавкова во интервју за весникот ВЕЧЕР.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 мај, 2020 15:18

Ќулакова: Бугарија сака тотално лишување од историја, историски развиток и континуитет на македонскиот народ!

Фото/Текст извор: ©Вечер.мк фото: канал5
  1. Во интервју за весникот Вечер, академик Катица Ќулавкова истакна дека целта на нападите од бугарската страна е  тотално лишување од историја, историски развиток и континуитет на македонскиот народ.
Катица Ќулавкова (Ката, според личната карта) e родена на 21 декември 1951 година во Велес. Taa e книжевен теоретичар, есеист, антологичар, критичар, универзитетски професор, поет и раскажувач, академик – редовен член на МАНУ.

Ќе дојдеме во ситуација македонскиот народ да биде лишен од државотворен легитимитет, а тоа е увод во деструктивни процеси, не сакам ни да мислам на тоа, вели академик  Катица Ќулавкова во интервју за весникот ВЕЧЕР.

Денес сме неми сведоци на претворање на демократијата во црн пазар и задоволување на партиски и картелски интереси, кога поедини претставници на политичката номенклатура, во дослух со одредени поддржувачи од академската сфера, го занемаруваат општоприфатениот уставен, научен, наш, македонски пристап во толкувањето на статусот и функцијата на македонскиот јазик, го делегитимираат официјалниот македонски наратив за јазикот, создаваат крупни проблеми и по однос на надворешната позиција на Македонија и по однос на внатрешната позиција на етничките Македонци и на македонскиот јазик, тврди во интервју за весникот ВЕЧЕР Катица Ќулавкова, академик, универзитетски професор, книжевен теоретичар, есеист, антологичар, поет и раскажувач која јасно и гласно зборува за досега невидениот парадокс што се случува со негирањето на постоењето на македонскиот јазик, но и за други актуелни прашања.

Целото интервју прочитајте го на ВЕЧЕР

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.