Според она што го изјави тој, околу 67% граѓани кои се против се од Австрија, 64% од Германија. па потоа 63% Франција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 февруари, 2020 9:25

Ќучук: Не е само Франција, против проширување на ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Известувач за Македонија во ЕП, Илхан Ќучук, во изјава за Телма вели дека не е само Франција која се противи на проширувањето на ЕУ.

Ќучук е член на групата пратеници За обнова на Европа (Renew Europe), порано позната како Алијанса на либералите и демократите (АЛДЕ). За известувач за Македонија во ЕП беше избран во октомври минатата година.(ФОТО МИА)

Според она што го изјави тој, околу 67% граѓани кои се против се од Австрија, 64% од Германија. па потоа 63% Франција.

-Целта на методологијата пред се да биде поефективна и да одговори на очекувањата од двете страни. Од една страна треба да ги убедиме скептичните држави, а тие се неколку меѓудругото, и Франција не е најскептичната. Ако погледнеме последното истражување на Евробарометар, 67% од австриските граѓани се изјаснуваат против проширувањето на ЕУ, во Германија се 64% и Франција се 63%, појаснува Ќучук.

Ќучук вели дека треба да се направатнапориза да се убедат земјите од Западна Европа, дека проширувањето е важен процес за ЕУ. Тој вели треба да им се даде до знаење дека токму проширувањето на унијата придонесува за стабилноста, сигурноста, економскиот просперитет, во глобална смисла.

-Но од друга страна реформите се реализираат не само поради интеграцијата, туку и поради граѓаните на една или друга држава. Во основата на реформите се политичките елити, но тие се спроведуваат во името на граѓаните, дообјасни Ќучик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести