Тој посочува дека во рамката на ЕУ за Македонија не постои експлицитен текст во кој се инсистира на продолжување на работата на Заедничката бугарско – македонска комисија за историски прашања.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јули, 2020 10:12

Ќучук: Основно прашање сега е дали земјата треба да се врати назад три години

Фото/Текст извор: ©прес 24

Бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за нашата земја Илхан Ќучук, за Бугарската национална телевизија рече дека договорите за добрососедство со Бугарија и со Грција се составен дел на преговарачката рамка на ЕК за Северна Македонија и Албанија, објави Прес 24.

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент минатата година одлучи нов известувач за Македонија да биде Бугаринот Илхан Кјучјук, на местото на словенечкиот европратеник Иво Вајгл. Тоа значи дека во наредните пет години тој ќе ги подготвува извештаите за реформскиот напредок на нашата земја. 34-годишниот бугарски европратеник Кјучјук од 2012 година е претседател на либералната партија Движење за права и слободи (ДПС), а во 2014 година е избран за пратеник во Европарламентот во парламентарната група на Алијансата на либералите и демократите за Европа, каде годинава е реизбран за нов петгодишен мандат.

Тој посочува дека во рамката на ЕУ за Македонија не постои експлицитен текст во кој се инсистира на продолжување на работата на Заедничката бугарско – македонска комисија за историски прашања.

– Во текстот не се оди многу во детали. Не е обврска на Европската комисија детално да пишува, особено во таков рамковен документ, како ќе бидат решени билатералните спорови меѓу двете страни. Принципиелна позиција е да се почитуваат добрососедските односи и во тој контекст да продолжат започнатите разговори, изјави Ќучук за Бугарската национална телевизија.

Според него, владеењето на правото ќе биде приоритет во текот на преговарачкиот процес.

– Сите преговарачки поглавја ќе бидат затворени кога ќе се исполни основниот критериум – владеење на правото. Државите членки на ЕУ сакаат гаранции од земјите со кои се водат преговори, вели Ќучук.

Во однос на изборите во Македонија, тој вели дека сега најважното прашање во нашата држава е дали треба да се врати назад три години.

– Основно прашање меѓу политичките сили во оваа кампања е дали земјата треба да се врати назад три години. Еден дел од политичката елита во Република Северна Македонија ја поддржува оваа теза. Друг дел вели дека иднината на земјата е во ЕУ и работи на спроведување на реформите преку активна политика во соработка со партнерите и почитување на добрососедските односи. Во името на европската иднина на земјата и во името на идните генерации, прават политички жртви, изјави Ќучук.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.