По жестоките реакции на социјалните мрежи, се огласија од американската амбасада кои велат дека жалат за пропустот.

Објавил: Весна Петровска | 4 јули, 2019 16:20

ЏАБЕ СЕ СИТЕ ИЗВИНУВАЊА: И Силјановска удри по Тамара Тодевска

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Професорката Гордана Силјановска се огласи по скандалот кој вчера се случи во Американската амбасада во Скопје, откако Тамара Тодевска за време на изведувањето на химната го забправи делот каде се пее Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули…

-Време е да ставиме кpaј, пред законите нема извиини! Одговopност мора да има!, напиша на твитер професорката .

 По жестоките реакции на социјалните мрежи, се огласија од американската амбасада кои велат дека жалат за пропустот.

-САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги за славењето на нашата независност со нас минатата ноќ. Ние разбираме дека грешките може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, гласи соопштението на американската амбасада.

И Тамара Тодевска се извини преку социјалната мрежа Фејсбук вели во статусот дека грешката е ненамерна.

Почитувани,

Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка.
Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД. 
Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.
Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.
Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.
Со почит, Тамара

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести