Александар Македонски е Грк. Сите вие имате бугарско потекло. Но, не берете гајле. Бидете спокојни, сè ќе биде в ред. Ние не сме непријатели.

Објавил: Владо Марин | 20 јуни, 2020 9:42

Џамбаски до Македонците: Вие сте Бугари, но сè уште не сте осознаени – Со кроце, со слатко и со малце ќотек, сè ќе си дојде на место

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од ВМРО на неговиот Фејсбук-профил на тема „Геополитика и транспортни коридори на Балканот“јасно изјави  дека Александар Македонски е грк и рече дека македонците имаат бугарско потекло!

„Се обраќам кон сите наши неосознаени браќа во Македонија и кон тие што се со измиени мозоци, просрпски настроените и кон тие што мислат дека се потомци на Александар Македонски.

Не сте.

Александар Македонски е Грк. Сите вие имате бугарско потекло. Но, не берете гајле. Бидете спокојни, сè ќе биде в ред. Ние не сме непријатели.

Знаеме дека дел од вас се плашат, знаеме дека дел од вас се српски слуги, но сè ќе си дојде со време. Македонија ќе биде дел од Бугарија, ќе биде дел од Европската унија. Македонија е бугарска, вие го знаете тоа. Вие го знаете јазикот на кој зборувам и знаете дека тоа е истиот јазик.

Ниту грчкиот е истиот, ниту српскиот, тоа добро го знаете, а добро знаете и дека албанскиот исто така не е истиот, вели Џамбаски!

Добро знаете дека Албанците ви дишат во вратот. Така што, браќа, успокојте се, размислете внимателно. Вие сте добри Бугари, но сè уште не сте осознаени.

Треба да помине малку време. Немајте гајле. Со кроце, со малце, со слатко и со малце ќотек. Малце.

Но, сè ќе си дојде на место.
Не плашете се, не се напрегајте, добро знаете дека сте Бугари по потекло“, вели Џамбаски во видеото ТУКА!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.