Во петокот од 15 до 18 часот на дел од наплатните станици извршил контрола на возачи кои злоупотребуваат службени легитимации и т.н. флешери со цел одбегнување плаќање на надоместок за патарина.

Објавил: Македонка Димкин | 24 февруари, 2019 22:24

“Џандари„ а не плаќаат патарина? Дури 31 возач за 3 часа не платил патарина!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во содејство со сообраќајната полиција и Државниот инспекторат за транспорт во петокот од 15 до 18 часот на дел од наплатните станици извршил контрола на возачи кои злоупотребуваат службени легитимации и т.н. флешери со цел одбегнување плаќање на надоместок за патарина.

»Од извршената контрола констатирано е дека 31 возачи постапиле спротивно на Законот, од кои деветмина возачи се вработени во МВР, 22 возачи на возила се граѓански лица кои одбегнале плаќање на патарина, за што од страна на Државниот инпекторат за транспорт им се изречени глоби во висина од 200 евра. Против полициските службеници кои ги злоупотребиле службените легитимации ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, велат од МВР.

Швајцарскта Виниета чини 40 Франци или 36 Евра во годината. Истата е воведена за првпат во 1985 година и оттогаш цената не е промената иако многупати националниот парламент се обиде тоа да го направи, народот рече НЕ. Ваквииот начина на плаќање на надоместок за патарина сигурно ќе го промени сообраќајот, граќаните ќе патуваат многу почесто.

Магазин веќе пишуваше за идеата да се воведат таканаречените „Виниети„ кои ќе мора да ги има секое возило без разлика дали е државно, службено или приватно. Со тоа ќе се дигнат рампите и ќе се намалт трошковите кои се енормно скапи  и тоа стотици илјади евра во годината, без платите за вработените, а да не зборуваме за тие што се „прошверцале„  по линија на фамилија , другари или полицајци и обвинители. Така  на пример во Швајцарија една Виниетка чини 40 Франци за цела година за сите Автопати.

Кога би се вовеле такви виниети што ќе се промени?

Ќе се заштеди на персонал на патарините и ќе се овозможи подобар тек на сообраќајот а и возачите ќе поминат многу поефтино. Пример ако сега патот од Охрид до Скопје  во еден правец чини 160 денари или  во двата 320 денари  а за некоја година највероватно со новииот автопат уште додатни  120 денари или вкупно 420, што значи дека едно патување до Скопје и назад би чинело 6 Евра сао за патарина.

Ако се земе просекот дека секој возач бил барем 5 пати Охрид –  Скопје тогаш се тоа, потрошени 30 Евра , скоро толку колку што Швајцарците пак плаќаат за цела година за илјадници поминати километри. Секое друго патување би било гратис, нема да се прават гужви и нервози во лето и ќе може да се патува побрзо и повеќе пати. Овој модел ќе биде сигурно хит и поздравен од возачите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...