Доколку не биде постигнат цензус од 40% на престојните избори на 5 мај, на 12 мај дека тој ќе треба да ја преземе функцијата

Објавил: admin@magazin | 30 април, 2019 11:10

Џафери: Ако нема цензус, јас ќе бидам в.д. претседател

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери вечерва беше гостин во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, каде го објаснуваше процесот на избори во втор круг како и потребниот цензус од 40%.

Тој истакна дека доколку не биде постигнат цензус од 40% на престојните избори на 5 мај, на 12 мај дека тој ќе треба да ја преземе функцијата на претседател на Република Македонија.

Џафери вчера вечер во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21, повика на масовна излезност во недела кога се одржува вториот круг од шестите по ред претседателски избори, а први по потпишувањето на договорот од Преспа.

Инаку Талат Џафери е роден во гостиварското село Форино на 15 април 1962 година. Основно училиште завршил во село Чегране, а средното го продолжил воБелградна Воената гимназија. Студирал на Воената Академија на Копнена Војска на ЈНА – смер пешадија во Белград и Сараево. Постдипломски студии – специјализација за командни и штабни должности на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје.

Тој за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, беше висок офицер воАРМ и командувал со единиците во тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово. Неколку дена потоа дезертирал и преминува во терористичката ОНА како командат Форина.

Тој беше нзначен за претседател на Собранието на 27 април 2017 година, откако лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев го прочита предлогот за Талат Џаферида да биде нов парлементарен спикер и во пленарната сала новото парламентарно мнозинство го изгласа.

Пратениците на СДСМ, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците го чуваа Талат Џафери додека ја даваше свечената изјава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести