Спикерот Талат Џафери го поништи гласањето бидејќи нема двотретинско мнозинство.

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 февруари, 2020 12:40

ЏАФЕРИ ГО ПОНИШТИ ГЛАСАЊЕТО: 74 пратеници гласаа „за“, 32 „против“ законот за ЈО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Седумдесет и четири пратеници гласаа „за“, а 32 пратеници гласаа против законот за јавно обвинителство.

Спикерот Талат Џафери го поништи гласањето бидејќи нема двотретинско мнозинство. За да се донесе овој Закон потребна е поддршка од две третини од пратениците.

Џафери рече дека гласањето на дел од пратениците не им бил евидентиран гласот, па ги побара листинзите од гласањето.

Седницата сеуште е во тек.

ВМРО-ДПМНЕ се уште ја анализира ситуацијата за евентуално доставување на нов предлог за технички министер за труд и социјална политика, изјави денеска пратеничката од опозициската Благица Ласовска.

Ласовска изјавата ја даде пред почетокот на собраниската седница на која треба да се гласаат законите за Јавното обвинителство и за измените на Законот за Советот на јавни обвинители.

„Ако политичарите од владејачкото мнизинство се сериозни, тогаш треба да останат на договорот и Собранието да биде распуштено“, изјави Ласовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика