Тој рече дека Собранието е вистински показател за тоа, како што рече, колку сме созреале, колку сме научиле да се слушаме меѓу себе, да се почитуваме, да имаме разбирање за различното мислење и да имаме слух за конструктивните и добронамерните предлози.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 септември, 2019 20:20

ЏАФЕРИ: „Дали сме доволно зрели, доволно мудри и напредни не сакам да констатирам, времето ќе покаже„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во овие 28 години самостојност, сите кои беа дел од донесувањето, спроведувањето и живеењето со донесените одлуки од овој или оној политички чинител, работеа многу на внатрешен, меѓутоа и на надворешен план за денес Република Македонија да биде држава на рамноправни граѓани, држава во која се почитуваат како индивидуалните, така и колективните човекови права, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот прием, по повод одбележувањето на Денот на независноста на земјата – 8-ми септември.

– Многу води протекле од тој ден, многу убави меѓутоа и не толку убави настани. Растевме, ги прележувавме детските болести, некои побрзо, а некои се уште траат, но по пат учевме и извлекувавме поуки, како и секое новороденче, нели? Дали сме сега доволно зрели, доволно мудри и напредни не сакам да констатирам, меѓутоа едно знам, времето ќе покаже.

Времето е најдобар индикатор за тоа колку сме биле, сме или мислиме да бидеме внимателни со тоа што го имаме. Дали ќе знаеме да го негуваме за да расте, се развива и биде пример кон кој ќе го впери прстот регионот и светот и дали тоа ќе биде за добро или за лошо, потенцираше претседателот на Собранието.

Тој рече дека Собранието е вистински показател за тоа, како што рече, колку сме созреале, колку сме научиле да се слушаме меѓу себе, да се почитуваме, да имаме разбирање за различното мислење и да имаме слух за конструктивните и добронамерните предлози.

– Јас сум убеден дека и покрај големите предизвици низ кои поминавме, имаме сила, имаме волја, решителност и визија за тоа каде сакаме да ја видиме Република Северна Македонија и каков дом посакуваме да градиме за нашите почитувани граѓани и денеска сме многу блиску до остварување на нашите стратешки определби – полноправно членство во Европската Унија и НАТО, наведе Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.