Власта ќе ја заобиколи институцијата Претседател, некој дебело ќе одговара

Објавил: admin@magazin | 2 јули, 2018 12:45

Џафери: Договорот со Грција и законот за јазици во “Службен весник” без потпис на Иванов

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на обранието, Талат Џафери на прес конференцијата со новинарите во петокот, најави дека на 5-ти или 6-ти јули ќе ја закаже седницата на која пратениците повторно ќе гласаат за ратификација на договорот со Грција, откако претседателот Ѓорѓе Иванов одби да го потпише.

Џафери кажа дека и Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на договорот ќе бидат испратени до Службен весник и без потпис на Иванов.

-Ако и по вторпат не потпише, веќе станува лоша пракса со мешање во надлежностите, кои што нему не му припаѓаат. Собранието ќе ја истера целата процедура до крај како што треба, рече Џафери на прес конференцијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.