Магазин се советуваше со неколку правници за тоа како е можно гласањето да го поништи оној кој го ставил на дневен ред?

Објавил: Македонка Димкин | 16 февруари, 2020 15:18

Џафери знаел дека нема 2/3 но го почнал гласањето за да го поништи!

Фото/Текст извор: ©магазин

Многу е веројатно дека гласањњто за  законот за ЈО многу  е намерно направено фалично

Еве зошто: Прво  се оди со валидно гласање со 74 пратеници ЗА (без потребното мнозинство), за потоа и со неделовничкото поништување и прегласување со 80 пратеници ЗА, да се повредат Законите, што е пак основа за ништовност во иднина,

Така во одредени околности, зависно од интересите на оние кои сега или во иднина (ќе) имаат влијание во Уставен, Управен и/или Врховен Суд истото може да се помишти во зависност како им одговара

Птофесорката Каракамишева децидна:

Ако претседател на Собрание ја заклучил расправата и точката по која се расправало ја ставил на гласање, и ако пратениците гласале по законот, претседателот на Собранието НЕМА ПРАВО, НИТУ ИМА ДЕЛОВНИЧКО ОВЛАСТУВАЊЕ да го поништи гласањето.

Дополнително што Деловникот на Собранието не предвидува ПОНИШТУВАЊЕ на веќе спроведено гласање, пишува Каракамишева.

Во случајот со Законот за јавното обвинителство Џафери целосно ги прекршил чл. 95 и чл. 103 од Деловникот, бидејќи прво, дозволил да започне постапката на гласање и гласањето било спроведено, но откако го видел резултатот неповолен за власта одлучил самоиницијативно и самоволно да го поништи гласањето на пратениците и без никаква деловничка поткрепа да им даде право на процедурално обраќање на двајца пратеници надвор од сите деловнички процедури.

По заклучување на гласање и по завршено гласање ПРАТЕНИК НЕМА ПРАВО ДА БАРА,НИТУ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ СМЕЕ ДА ОДОБРИ ПРОЦЕДУРАЛНО ОБРАЌАЊЕ НА ПРАТЕНИК.

Таљат тоа добро го знае, но дозволи да се случи ТЕАТАР и САМОВОЛИЕ во Собранието.
Ова самоволие и кршење на Деловникот на Собранието од страна на Таљат е кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување како и кривично дело несовесно вршење на службата.

ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Во 2008 та година судот му одреди 20 години затвор за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември истата година на паркингот пред ПМФ. Во нападот загина еден припадник на Алфите, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Судот ја укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на Алфите кај ПМФ

Денеска судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци...

Во вчерашната емисија „Што не е јасно?“ на „Алфа“, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села потври дека премиерот Зоран Заев пред извесно време му понудил да го замени Али Ахмети и ДУИ и неговата партија да стане дел од власта.

СЕЛА ОТКРИВА – Заев ми понуди да го заменам Али Ахмети- но јас ОДБИВ

Села откри дека премиерот Зоран Заев му понудил да го замени ДУИ, но тој не прифатил. Во...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета...

Министерот Димитров на дебатата потсети дека земјава 14 години е кандидат за членство во ЕУ и дека сега повеќе од било кога е подготвена да добие датум за преговори.

Димитров: Доколку нема датум, Европа ќе испрати порака дека не е серизона

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на панел дебата насловена...