Доколку директорот на Службен весник ги објави овие закони без потпис на Иванов му следува долга робија во затвор

Објавил: admin@magazin | 7 јули, 2018 8:30

Џафери “нема” да одговара, директорот на Службен весник ќе гние во затвор

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Талат Џафери во денешниот брифинг за еден медиум истакна дека законот за јазици и договорот со нашиот јужен сосед ќе бидат објавени во Службен весник без потпис на таткото на нацијата. Можеби, а и е за очекување тоа да се случи, но за ова одговорност ќе има…

Ви го пренесуваме ставот на Талат за околу овие два закони а во врифинг за 1тв:

Џафери на денешниот уреднички брифинг на 1ТВ изјави дека најверојатно и Законот за јазиците и Договорт со Грција во пакет ќе ги испрати во Службен весник, се вели ексклузивно во нивната објава.

Деновиве и ќе се случи тоа, законите ќе бидат објавени во Службен весник на Република Македонија без потпис на претседателот Ѓорге Иванов, но за тоа ќе мора да има одговорност и ќе се одговара.


Деновиве низ провладините медиуми како и од страна на политичките партии се шири пропаганда дека Претседателот го кршел Уставот и законите и бил должен да потпише, но за жал и самите се свесни дека сето тоа не им држи вода и дека всушност тие се оние кои што прекршиле и закон и ред и поредок и со тоа го предале сиот македонски род.


Претседателот и професор др. Ѓорге Иванов во ниту една момент не ги пречекорил своите надлежности и за тоа ќе покаже самото време. Треба да се плашат оние кои што на незаконит начин сакаат да избуткаат нешто што не е легално и од интерес на Македонија.

Да се вратиме на почеток, Џафери ќе ги објави законите во Службен весник без потпис на Иванов, лично Талат “можеби” нема да одговара, но за негова сметка и на сметка на оние кои што ставиле потпис дебело ќе одговара директорот на Службен весник, Мартин Костовски затоа што авторизирал и дозволил нешто што е без потпис на шефот на државата.

Да не заборавиме, ќе одговара и Зоран Заев, како и сите вклучени во целиот процес. Ќе дојде тоа време кога нема да има политички реваншизам и ќе треба да одговаат сите што дрпнале во џебот на обичниот народ. Оној кој крадел и ја злоупотребил својата положба кога тогаш скапо ќе плати за своите одлуки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...