Џафери вели дека ДУИ не ја трга настрана можноста за коалицирање со најголемата политичка партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јануари, 2020 10:45

Џафери: Не исклучуваме можност за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Собранието и висок функционер на ДУИ, Талат Џафери, во интервју за македонскиот весник на албански јазик, КОХА, истакна дека неговата партија не ја исклучува можноста да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Претседател на Собранието на Република Македонија — главен раководител на Собранието на Република Македонија. Претседателот се избира од редот на пратениците со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (61 пратеник). Мандатот на претседателот трае четири години.

На прашањето: “Дали се уште за ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ е исклучена опција за партнер за идна владина коалиција?”, Џафери одговари:

Не сум слушнал некој од политичките партии, од тие кој се актуелни на политичкиот парламентарен живот, ВМРО да е исклучен за некој од албанските партии. Тие работи ги одредува гласачот. Во вербален котекст, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со ставот дека не го признават Преседателот на Собранието, но во функсионална смисла- имаме секојдневна комуникација, вели Џафери во новогодишното инервју за КОХА.

Инаку Џафери е претседателот на Собранието кој на оваа позиција го претставува Собранието, ги свикува седниците на Собранието и раководи со нив, се грижи за примена на Деловникот на Собранието, ги потпишува указите за прогласување на законите и врши други работи утврдени со Уставот на Република Македонија и со Деловникот на Собранието. Актуелен претседател на Собранието е Талат Џафери од ДУИ.

Тој на оваа позиција во 2017 година на крвавиот четврток 27 април.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести