Талат Џафери ги информираше пратениците дека седница ќе има денес а не сабота

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 14:23

Џафери пресече во име на Заев – седница во 18 часот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако потпретседателот на парламентот и пратеник на НСДП Горан Мисовски првично најави дека нова Седница на Собранието на Република Македонија по постигнат политички договор меѓу партиите ќе има сабота – Џафери го смени мислењето.

Седница на која на дневен ред ќе се најдат политичките одлуки постигнати на лидерската средба на која присуствуваа претседателите и претставници на четирите партии СДСМ – ДУИ – ВМРО – ДПМНЕ и БЕСА на Касами ќе има денес со почеток во 18 часот.

На Седницата се очекува пратениците да ги гласаат составот на новата Државна изборна комисија како и Законот за финансирање на политичките партии и измените во Законот за Влада како и што беше договорено уште понеделникот.

Во врска со Референдумот и референдумското прашање нема постигнат јавен и јасен договор но се очекува лидерската четворка по исполнувањето на ова ветување на власта до опозицијата да ги започне преговорите за финализирање и на тие теми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика