Џафери се вакцинираше со „спутник В“

Објавил: Владо Марин | 23 април, 2021 17:53

Џафери се вакцинираше со „спутник В“

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Претседателот на Собранието Талат Џафери се вакцинираше со вакцината „спутник В“.

Тој е меѓу првите високи функционери кои се вакцинираа против ковид-19.

Термини за вакцинација со руската вакцина во „А1 арената“ во „Борис Трајковски“ денеска имаат и сите други пратеници како дел од вработените во критичната инфраструктура. Покрај нив, денеска се вакцинираат и вработените во стручните служби во Собранието, кои не беа имунизирани во претходната група.

Џафери претходно изјави дека испратил список со сите пратеници, а кој ќе дојде да се вакцинира е негова одлука.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, изјави дека сите нивни пратеници се појавиле на пунктовите и прават консултации со здравствените работници дали да се вакцинираат сега или подоцна, со оглед дека дел од нив веќе прележале ковид-19 и имаат антитела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести