Јас сум против одложување на пописот. Ние сме имале избори сред пандемија. Пописот е индивидуален акт, попишувачот оди кај семејството и согласно протоколите прави регистрација, односно попис.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 март, 2021 20:32

Џафери: Јас сум против одложување на пописот, ние имавме избори среде пандемија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Собранискиот спикер Талат Џафери е против одложување на пописот. Според него, операцијата треба да се спроведе според првично предвидениот рок.

Јас сум против одложување на пописот. Ние сме имале избори сред пандемија. Пописот е индивидуален акт, попишувачот оди кај семејството и согласно протоколите прави регистрација, односно попис.
Ова е мое мислење и сметам дека нема потреба да се одложи. Сепак, ќе има процедура за ова и ќе видиме како ќе помине. Повикувам на почитување на Закон и на Устав, не е важно дали јас сакам или не – рече Џафери на ТВ 21.

Албанската опозиција ќе направи сѐ да не се одложи пописот, како што вчера се договорија Зоран Заев и Христијан Мицкоски во консултација со нивните коалициски партнери и претседателот на државата.

Двајцата лидери на коалицијата, Зијадин Села и Африм Гаши, на вчерашната прес-конференција изјавија дека ќе ги искористат сите политички механизми што им стоеле на располагање за да не се донесе законот за одложување на пописот.

„Ние како коалиција стоиме цврсто на ставот дека пописот не може и не треба да се одложува. Имаше препораки од ОН да не се спроведува попис во време на пандемија, но Владата не слушаше и сега на веќе започнат попис, којшто трае веќе еден месец, сакаат да го прекинат. Ние ќе го спречиме ова“, рече Гаши.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести