Џефери збесна во собрание.

Објавил: Перо Милчин | 16 април, 2021 6:20

Џефери го фати лудило во собрание: Не јадам слама, не работам во кладилница

Фото/Текст извор: ©с.печат

Вчера атмосферата во Собранието е тензична откако координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека неговата пратеничка група нема да учествува на 32. седница и побара да почне расправата по 36. седница и да бидат донесени мерките.

За да ја скратиме оваа работа драмолетка, немате кворум тоа е факт. Слабо ви е мнозинство и тоа е факт, не се сите пратеници тоа е факт. За да скратиме овие драмолетки.
Ве молиме, констатирајте дека немате кворум за 32-рата седница, ставете ја седницата 36 да ги изгласаме законите. Џабе тропате, граѓаните ви тропаат, ги чекаат парите, дајте да ги гласаме. Ве молиме еден месец. Ајде закажете ја 36. седница, рече Мицевски.

На ова Џафери збесна и му одговори:

Јас тука зборувам за процедура, не за желба. Одбивавте да бидете во собранието на двапати. Имаме изолирани пратеници. Од 25 март до сега не одржавте комисија за финансирање и буџет и тука мене ми зборувате дека јас го кочам донесувањето на мерките. Тоа е срамота. Што мислите вие, дека јас јадам слама тука. Не водам кладилница, државна институција водам. Вие поднесовте 2 000 амандмани за законот за државјанство. Ако сакам и три часа ќе зборувам, три месеци ме тупите тука. Цел ден ми тупите со медиумите, изјави Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести