Во соопштението се наведува дека движењето добило согласност од семејството!

Објавил: admin@magazin | 7 декември, 2020 6:06

Џеј Рамадановски ќе биде погребан во Алејата на заслужни граѓани: Семејството даде одобрение

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Граѓанското движење на Ромите во Србија му се обрати на градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ, со иницијатива за погребување на починатиот пејач Џеј Рамадановски во Алејата на заслужни граѓани.

– Влијанието врз богатството на српската култура и музика, како и целокупното културно наследство што Џеј Рамадановски го остави зад себе е неизмерно и со ова ве покануваме да одобрите дека ќе биде почестен за сè што засекогаш им остави на сите во Србија – рече движењето на Роми во писмо до градоначалникот на Белград.

Во соопштението се наведува дека движењето добило согласност од семејството!

Пејачот Џеј Рамадановски починал вчера на 56 годишна возраст, јавуваат српските медиуми.

Тој починал од срцев удар! Лекарите безуспешно се обидоа да го реанимираат во неговата семејна куќа, каде тој го испушти последниот здив.

По објавата за смртта на фолк легендата, полицијата спроведе редовна истрага, а потоа го спакува и го испрати телото на Рамадановски во мртовечницата.

Џеј неодамна во интервју изјавил дека е во строг карантин поради здравствените проблеми кои ги има и дека коронавирусот би бил погубен по него.

Не смеам нигне да излезам за да не би дошол во ризик да се заразам. Веќе имав здравствени проблеми со срцето и вирусот за мене може да биде кобен. Не се гледам дури ни со најдобрите пријатели и морам да признаам дека многу ми недостига кафаната. Боем сум во душа и едвај чекам повторно да одам во некоја биртија кога сето ова ќе помина, иако не би смеел да пијам, рекол Џеј.

Џеј Рамадановски потекнуваше од ромско семејтво од Ресен, Македонија.

Детството го поминува во Белград со својата баба по мајка. Пристапува кон малолетничка деликвенција за што е приведуван и дел од младоста ја поминува во воспитно поправен дом за малолетници каде изучува авто-лакерски занает.

По одслужувањето на воениот рок, кратко време работи во фабриката за трактори и комбајни Змај. Повторно се враќа на животот на улица и ситниот криминал. Сепак започнива хонорарно да биде ангажиран како пејач на локални и индивидуални ромски веселби, кога неговата дарба ја воочува Марина Туцаковиќ.

Својата популарност ја стекнал кон крајот на 80-тите години на 20 век, главно на просториите на Југославија и Србија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...