Поранешниот британски министер за надворешни работи смета дека Британија не смее да е следна Грција на менито на ЕУ

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 14:39

Џонсон: Британскиот план за Брегзит е историска грешка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон за “Телеграф” изјави дека британскиот план за Брегзит е “историска грешка” која ќе резултира со национално “понижување” слично на тоа што го доживеа Грција од Европска унија.

Тоа е прва изјава на Џонсон откако минатиот месец поднесе оставка поради несогласување со стратегијата на премиерката Тереза Меј за Брегзит.

“Искуството на Грција е лекција за апсолутното лудило на која било земја која ќе дозволи да ја малтретираат преговарачите на ЕУ. Погледнете го понижувањето на Грција земјите членки на ЕУ и запрашајте се како ЕУ ќе донесе закони со Велика Британија кога нема да можеме ништо да направиме за да се заштитиме од наметнување на тие правила.” – истакна Џонсон.

Џонсон наведе дека излезот на Грција од должничката криза која заврши минатата недела не ја зголеми вредноста на еврото кое остана “неизбежна катастрофа”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.