Велика Британија и Европската Унија и по шест месеци од разединувањето во сојузништвото, сеуште не постигнале договор за трговија и законските норми од ЕУ кон Англија

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 8:53

Џонсон до Меј: Дојде време да им се спротивставиш на насилниците во ЕУ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Повеќе од извесно е дека Велика Британија нема така лесно да го заврши процесот на Брекзит, но неизвесно е дали ќе се постигне квалитетен договор со ЕУ.

Велика Британија треба да им се спротивстави на насилниците во ЕУ и да изврши притисок да се постигне договор за слободна трговија, порача поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон.

На тој начин Џонсон дополнително изврши притисок врз британската премиерка Тереза Меј поради Брегзит.

Во колумна за весникот “Телеграф”, тој оцени дека преговорите за Брегзит се наоѓаат во „моментална криза“ и Меј треба да ја смени тактиката.

Дојде моментот кога треба да им се спротивставиш на насилниците. По повеќе од две години немилосрдно малтретирање од страна на ЕУ, време е Британија да пружи отпор. –  нагласи Џонсон.

Поранешниот министер за надворешни работи на Британија оцени дека постои подобро решение, односно “супер Канада” договор, кој подразбира дека не постојат тарифи и квоти.

Иако останаа помалку од шест месеци од излезот на Британија од ЕУ, во текот на најновата рунда преговори во Брисел не е постигнат договор околу условите за Брегзит, а преговарачите на ЕУ и Британија времено ги прекинаа разговорите до средина на неделата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...