Тој ја запознал Офелија на нејзината апсолвентска вечер во „Кајак-клуб“ во Градскиот парк. Таа вечер случајно навратил таму со своето друштво од оркестарот на Операта.

Објавил: admin@magazin | 2 јануари, 2021 2:37

ЏОРЛЕВ ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Сопругата и децата ја чинат смислата на мојот живот(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 53-годишна возраст, почина познатиот македонски виолинист, музички виртуоз и професор Зоран Џорлев!

На првиот ден од 2021 година, почина познатиот виолинист Зоран Џорлев. Тој беше еден од најдобрите македонски вионилисти, беше вокален изведувач и професор.

Зоран Џорлев беше во среќен брак со Офелија! Од нивната љубов се родија двајца синови, Наско и Мартин!

Маестралниот Зоран Џорлев работеше како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје.

Зоран за медиумите повеќе пати зборуваше за своето семејство, за синовите Мартин, Наско и сопругата Офелија која му била најголемата поддршка во животот!

Тој ја запознал Офелија на нејзината апсолвентска вечер во „Кајак-клуб“ во Градскиот парк. Таа вечер случајно навратил таму со своето друштво од оркестарот на Операта.

Имаше многу гости во кафеаната, но мојот поглед падна таму каде што требаше. Во животот нема ништо случајно. Целиот живот бегав од Струмица, градот во кој сум роден и мислев дека нема да земам жена оттаму. Но, патиштата господови се чудни, иако не се случајни – изјави тој  во една прилика.

Семејството на Зоран Џорлев!

Истата година се вериле, а свадбата ја направиле следното лето. Познатата двојка ги има синовите Наско и Мартин.

На 20 јуни 1993 година се заколнавме пред Бога на верност и еве тоа трае две и пол децении“, напиша маестро Џорлев пред две години на неговиот профил на „Фејсбук“ споделувајќи со фановите впечатлив колаж со семејни фотографии.

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми!

Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.