Унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос, во интервју за британскиот „Индипендент“, го предвидува крајот на ЕУ, како што досега го знаевме, заради овој случај.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 мај, 2020 8:47

ЏОРЏ СОРОС ВО ПАНИКА: Милијардерот загрижен за заканата која доаѓа- тоа би можело да ја уништи ЕУ!

Фото/Текст извор: ©kurir.rs магазин.мк

Германскиот уставен суд минатата недела донесе пресуда дека Европската централна банка (ЕЦБ) го надминала овластувањето при купување долгови на владата во рамките на програма за квантитативно олеснување и се заканила дека ќе забрани купување германски државни обврзници. Сорос стравува дека може да ја уништи ЕУ.

Унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос, во интервју за британскиот „Индипендент“, го предвидува крајот на ЕУ, како што досега го знаевме, заради овој случај.

„Особено сум загрижен за опстанокот на ЕУ, затоа што тоа е нецелосна унија“, рече Сорос. Процесот на создавање унија никогаш не заврши, што ја прави Европа „крајно ранлива, поранлива од Соединетите држави, не само заради нејзината нецелосност, туку и затоа што за владеење на правото. „И тркалата за правда се движат многу бавно, додека заканите, како што е заканата од Ковид 19, се движат многу брзо“, додаде тој.

Унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос, во интервју за британскиот „Индипендент“, го предвидува крајот на ЕУ, како што досега го знаевме, заради овој случај.

Сорос изрази сериозна загриженост поради минатонеделната пресуда на германскиот Уставен суд, со кој се оспори масовното купување на државните долгови на членките на ЕУ од страна на ЕЦБ и даде тримесечен ултиматум за банката да ја оправда пропорционалноста на купувањето. Доколку ЕЦБ го одбиеше ултиматумот, повеќе не можеше да смета на Бундесбанк.

Европската комисија се закани со тужба против Германија, иако официјални претставници на ЕУ во понеделникот соопштија дека непосредното правно дејствие против Германија е малку веројатно.

„Пресудата претставува закана што може да ја уништи ЕУ како институција заснована врз владеењето на правото, токму затоа што тоа е германскиот уставен суд, една од најпочитуваните институции во Германија“, рече Сорос.

Според него, примерот на Германија би можел да го следи Унгарија или Полска и законитоста на одлуките на Европскиот суд на правдата може да биде доведена во прашање.

„Ако пресудата на германскиот суд спречи ЕУ да се спротивстави на ваквите движења, тоа ќе значи крај на ЕУ како што тоа го знаеме“, заклучи Сорос.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...