Тој додаде дека училиштата ќе останат затворени во февруари и дека се надева дека програмата за вакцинација ќе им овозможи да се отворат од 8 март.

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 јануари, 2021 20:28

ЏОHСОН ОБЈАВИ построги мерки: Поголема контрола на границата, училиштата затворени во февруари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Владата ќе воведе нови построги мерки на државните граници, откако бројот на жртви на КОВИД-19 во Велика Британија надмина 100.000.

„Министерот за внатрешни работи ќе преземе уште построги мерки за оние земји на црвената листа каде што сме особено загрижени за новите видови на вирусот“, објави Џонсон во парламентот.

Тој додаде дека училиштата ќе останат затворени во февруари и дека се надева дека програмата за вакцинација ќе им овозможи да се отворат од 8 март.

Премиерот исто така рече дека се надева дека после тоа ќе биде можно да се укинат економските и социјалните ограничувања, поточно кога бројките го дозволуваат тоа.

На прашањето кое е решението и зошто Велика Британија има најмногу смртни случаи во Европа, тој рече дека нема едноставни одговори на тоа прашање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.