Моментано Асанж се наоѓа на издржување на затворска казна во Велика Британија, каде бил итно пренесен во затворската болница откако неговата здравствена состојба сериозно се нарушила.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 мај, 2019 16:24

Џулијан Асанж итно пренесен во болница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, денеска бил итно пренесен во болница поради нарушено здравје. 

Моментано Асанж се наоѓа на издржување на затворска казна во Велика Британија, каде бил итно пренесен во затворската болница откако неговата здравствена состојба сериозно се нарушила.

Австралиецот Асанж се прослави по објавувањето серија американски тајни документи, вклучително и за воените операции на САД во Авганистан и Ирак и за условите во затворот во базата Гвантанамо на Куба.

Од „Викиликс“, наведуваат дека не можел да разговара со неговиот адвокат.

Инаку минатиот месец таткото на Асанж, по неговото апсење од страна на лондонската полиција, во изјава за весникот “Sunday Herald Sun” изјавил дека неговиот син не изгледа воопшто добро, и дека му е нарушено здравјето.

“Тоа може да се реши едноставно на сечие задоволство. Имаше разговори меѓу еден сенатор и високо службеник на министерството за надворешни работи за екстрадиција на Асанж во Австралија.“Видов како полицајците мораа да го носат по скалите. Не изгледаше добро. Јас имам 74 години и сум во подобра форма од него. Тоа е шокантно”,рекол таткото на Асанж.

Во 2012-та Асанж побарал азил во еквадорската амбасада во Лондон за да избегне да биде екстрадиран во Шведска поради обвиненија за сексуален напад.

Асанж минатиот месец беше уапсен од страна на лондонската полиција.Тој е гонет од САД поради објавување на десетина илјади тајни владини документи преку Викиликс. 

За потсетување Џулијан Асанж треба да биде екстрадиран во САД, каде што ќе се соочи со 17 обвиненија, вклучувајќи и за шпиунажа.

Во меѓувреме, во Шведска се соочува со обвиненија за сексуални напади.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.